7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомпаниите во Македонија под европскиот просек во користење интернет

Компаниите во Македонија под европскиот просек во користење интернет

not-using-internet-ftr

Деловните сујекти во Македонија се под европскиот просек во однос на користењето интернет. На незавидно место е и во споредба со земјите од регионот, под неа се БиХ, Косово и Албанија.

Како што беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора, засега само три компании се регистрирани и овозможуваат он-лајн продажба.

Комората апелира, ИКТ компаниите во земјава максимално да ги користат сите услуги, проекти и иницијативи за развој на секторот, особено владиниот повик за ангажирање странски експерти од областа.

– Анализите покажуваат дека некои сектори, финансиите, банкарството и осигурувањето, го надминуваат просекот во ЕУ кога станува збор за примената на ИКТ, но останатите, особено преработувачката индустрија, далеку заостанува, истакна Лазо Ангелевски од Стопанската комора.

Според него, проблемот со минималната застапеност на интернет продажбата во Македонија е комплексен.

Непознати и недоволно промовирани се компаниите што се занимаваат со оваа дејност, нема регулатива или не е усогласена со меѓународната, но ситуацијата ја комплицира и менталитетот.

– Нашите луѓе многу почесто купуваат преку пријатели во странство, така чувствуваат поголема сигурност, наместо да ги користат интернет опциите, нагласи Ангелевски.

Изнесувајќи ги податоците од Државниот завод за статитсика, Ангелевски рече дека во јануари годинава пристап до интернет преку фиксна и мобилна конекција имале 91,5 отсто од компаниите со десет или помалку вработени.

Употребата на социјалните мрежи, блоговите и пораталите била застапена кај 36,2 отсто од бизнисот.

Агендата на ЕУ е до 2020 година во ИКТ секторот да се вложат 11 милијарди евра, а до 2015-та да се зголеми редовното користење интернет на 75 отсто и да се сведат на нула разликите меѓу роаминг и националните тарифи. Целта е воедно да се преполови и населението кое никогаш не користело интернет, од 30 на 15 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП