27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Porsche“ го повлекува од продажба најевтиниот модел во Европа

„Porsche“ го повлекува од продажба најевтиниот модел во Европа

Иако се најевтините, „718 Boxster“ и „Cayman“ не ја формираат основата на понудата на „Porsche“ во однос на продажбата. Како и во случајот со бензинскиот „Macan“, „Porsche“ одлучи да ги повлече овие два модели од пазарот поради законските прописи кои стапуваат на сила во ЕУ од јули годинава.

Како што објави „Motor1“, портпаролот на „Porsche“ за „718“ потврди дека понудата за двата модели ќе биде прекината во ЕУ, но со одредени исклучоци.

Една од нив е дека моделите ќе се нудат надвор од ЕУ, додека специјалните верзии како „Cayman GT4 RS“ и „Boxster RS ​​Spyder“ ќе останат во продажба. Имено, поради ограниченото производство, овие автомобили се изземени од прописите поврзани со сајбер безбедноста.

Проблемот произлегува од електричната основа што ја користат „Boxster“ и „Cayman“, која не ги исполнува претстојните прописи. Прилагодувањето на новиот закон ќе го чини „Porsche“ приближно половина од буџетот што се користи за целосно нов модел, кој не е финансиски одржлив.

Четвртата генерација на „Boxster/Cayman“ дебитираше во 2016-та година под внатрешното кодно име „982“. Првата генерација на „Macan“ е уште постара, бидејќи е на пазарот од 2014-та година.

Повлекувањето на „718“ од ЕУ веројатно нема значително да влијае на продажбата на „Porsche“, додека бензинецот „Macan“ е жешка стока.

„Macan“ отсекогаш бил силен пазарен адут за компанијата од Штутгарт. На глобално ниво, со 87.355 продадени примероци во 2023-та година, тој модел помина околу четири пати подобро од „718“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП