28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСкокнаа платите во овој сектор – важна информација за нашинците кои планираат...

Скокнаа платите во овој сектор – важна информација за нашинците кои планираат да заминат во Германија

Германските сопственици на ресторани одлучија да го одврзат ќесето и на своите вработеи да им ги зголемат платите, особено на готвачите – без разлика од кој крај на светот се појдени на печалба.

Според кажувањето на Роберт Васовски, млад готвач кој работи во еден ресторан во Берлин, платите на готвачите во Германија сега без проблем можат да достигнат и до неколку илјади евра месечно, додека, пак, како што посочува, оние најврвните кувари добиваат плата и над 4.000 евра.

Оваа сума вклучува и платени прековремени работни часови, кои се честа појава во оваа професија.

„Искрено, имаме многу работа, па принудени сме секој ден да работиме прекувремено. Поради тоа добиваме дополнителни пари, па нашата конечна месечна заработка се зголемува. Покрај основната плата, постојат и бонуси и надоместоци кои можат да бидат многу значајни, а тука се и парите од бакшиш“, раскажува Васовски.

На прашањето каква е конкуренцијата помеѓу готвачите во Германија, тој вели дека е слична како и во многу други индустрии каде што пазарот е динамичен и каде што се бара висок квалитет на услугите.

„Со оглед на големата побарувачка за квалификувани готвачи, особено во престижните ресторани, конкуренцијата може да биде жестока. Готвачите често мора да се натпреваруваат не само во вештините и креативноста во кујната, туку и во способноста да работат ефикасно под притисок и да одржуваат висок стандард на хигиена и безбедност на храната“, објаснува Васовски.

Со оглед на тоа што Германија е позната по својата висока стандардизација и квалитет на услугите, не е изненадување што и платите се на соодветно високо ниво.

Оваа информација е особено важна за оние кои размислуваат допрва да градат готвачка кариера во Германија, бидејќи покажува дека професијата е ценета и добро платена.

За оние младите нашинци кои навистина имаат желба да заминат во Германија не печалба, им претставуваме листа на најпопуларни јадења кои се дел од традиционалната германска кујна:

Bratwurst – ова е вид на кобасица која често се сервира со сенф и кисела зелка.
Sauerkraut – ферментирана кисела зелка која е додаток во многу германски јадења.
Schnitzel – тенко месо, обично од свинско или пилешко, панирано и пржено.
Pretzel – меко пециво слично на перек кое често се јаде како закуска или со пиво.
Sauerbraten – маринирано и бавно готвено месо, обично сервирано со кнедли и сос.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП