6 мај, 2024
ПочетнаСВЕТЕрдоган: Со воз од Анкара до Истанбул за 80 минути

Ердоган: Со воз од Анкара до Истанбул за 80 минути

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Истанбул го најави новиот проект за супер брз воз Анкара-Истанбул, со брзина од 350 километри на час.

„Оваа година објавуваме тендер за проектот за супер брз воз Анкара-Истанбул, кој ќе има брзина од 350 километри на час и времетраење од 80 минути“, рече Ердоган, јави Анадолија.

Ердоган зборуваше и за проектот „Големиот Истанбулски тунел“.

„Овој тунел, кој ќе поврзе 11 различни линии на железничкиот систем, ќе обезбеди сериозно олеснување за транспортот на Истанбул. Нашата цел е да ги спроведеме сите 1.100 километри железнички проекти што ги подготвивме за Истанбул“, додаде тој.

Тој посочи дека во изминатите 21 година во Истанбул се реализирани јавни инвестиции во вредност од 1,65 милијарди лири (47,7 милиони евра).

„Во здравството изградивме 178 здравствени установи, вклучително и болници со капацитет од 18.417 кревети. Во урбанистичкото планирање изградивме 228.000 станбени објекти и ги предадовме на сопствениците. Ја зголемивме должината на автопатиштата од 350 на 794 километри “, рече Ердоган.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП