2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвој чај прави чуда за вашето здравје: Шест причини зошто треба да...

Овој чај прави чуда за вашето здравје: Шест причини зошто треба да го пиете почесто

Чајот од анасон е еден од попознатите чаеви за консумирање кога станува збор за болки, надуеност и слични проблеми кои мачат многу луѓе.

Сепак, решавањето на надуеноста и менструалните грчеви и болки не се единствените придобивки што ги поврзуваме со пиењето на овој чај. Редовното консумирање чај од анасон има неколку други придобивки.

Богат е со антиоксиданси

Чајот од анасон е богат со антиоксиданси, како што се флавоноиди и фенолни соединенија кои помагаат во борбата против оксидативниот стрес и го намалуваат ризикот од развој на хронични болести и срцеви заболувања, пренесува Health Shots.

Позитивно влијае на варењето

Конзумирањето чај од анасон ја ублажува надуеноста, гасовите и варењето. Содржи соединенија како што е анетолот кои ги релаксираат мускулите на гастроинтестиналниот тракт, промовирајќи нормално варење.

Ги ублажува менструалните симптоми

Жените кои имаат тешки менструални грчеви или болки треба да пијат чај од анасон за да ја ублажат непријатноста, пренесува Health Shots. Неговите антиинфламаторни својства можат да помогнат во ублажување на болката и менструалните грчеви.

Влијае на зајакнување на имунитетот

Редовното консумирање чај од анасон може да го зајакне имунолошкиот систем поради неговата висока содржина на витамин Ц. Познато е дека витаминот Ц ја зајакнува одбраната на телото од инфекции и помага во одржување на целокупното здравје.

Го подобрува здравјето и убавиот изглед на кожата

Антивоспалителните и антимикробните својства на чајот од анасон можат позитивно да делуваат на кожата. Според Health Shots, редовното пиење чај од анасон може да го намали воспалението, да спречи појава на акни и да придонесе за почист тен.

Го поддржува здравјето на срцето

Редовното консумирање чај од анасон може позитивно да влијае на здравјето на срцето, пренесува Health Shots. Позитивниот ефект врз срцето се должи на калиумот кој се наоѓа во овој чај, кој може да го намали холестеролот и крвниот притисок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП