26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолку е важен iPad за Apple

Колку е важен iPad за Apple

ajpad

Во вторник се очекува „Apple“ пред медиумите во САД да ја претстави новата линија на „iPad“. Пресконференцијата доаѓа во позадина на паѓањето на продажбата на уредот на глобално ниво.

Според последните податоци, во изминатото тримесечје „Apple“ има продадено 14.6 милиони „iPad“ уреди, или со 14 проценти помалку од очекуваните 18 милиони примероци кои ги предвидоа аналитичарите.

Нешто повеќе – од „Morgan Stanley“ велат дека за прв пат во историјата, компанијата ќе забележи пад од 7 проценти на годишната продажба на „iPad“.

Треба да се има предвид дека „iPad“ е клучен производ во портфолиото на „Apple“, откако само во 2012-та година беа генерирани 20 проценти од приходите на компанијата.

Значењето на продажбата на „iPad“ за цената на акциите на „Apple“ се потврдува и со фактот дека кварталните приходи имаат 68 проценти корелација со акциите на технолошкиот гигант.

За споредба корелацијата на приходите од продажба на „iPhone“ е 62 проценти, а од „iMac“ е 40 проценти.

Акциите на „Apple“ ја завршија петочната трговска сесија со цена од 508.89 долари, што значи пазарна капитализација од над 462 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП