2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија во трговски дефицит

Јапонија во трговски дефицит

japonija1

Трговскиот дефицит на Јапонија во септември изнесуваше 932,1 милијарди јени (9,5 милијарди долари) и така достигна рекордни 15 месеци по ред со негативно салдо.

Како што денес беше соопштено од Mинистерството за финансии на Јапонија, увозот во септември е зголемен за 16,5 проценти во споредба со истиот месец во 2012 година. Истовремено, извозот е зголемен за 11,5 проценти, пренесувааат агенциите.

Во периодот од април до септември трговскиот дефицит на Јапонија достигна рекорден обем за тој временски период од 4,989 милијарди јени (50,9 милијарди долари), наведува Министерството.

Според мислењето на експертите, сложената трговска ситуација во врска со наодамнешното слабеење на јенот во однос на странските валути, доведе до значителен раст на трошоците за купување на стока во странство, пред се на природниот гас, нафтата и нафтените деривати.

Поефтинувањето на националната валута им овозможи на извозно ориентираните јапонски компании, првенствено на производителите на автомобили, значително да го зголемат својот профит, но сепак тоа не беше доволно да се надмине дефицитот на билансот на надворешната трговија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП