2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто Луксембург е очаен?

Зошто Луксембург е очаен?

luksemburg

Луксембург, најбогатата земја во Европската унија по глава на жител, е во очајна потрага за нов економски модел, бидејќи е подготвена да ја укине банкарската тајна.

Како тринаесети најголем финансиски центар и втор меѓународен инвестициски центар, зад САД, Луксембург пред кризата во 2008 година речиси половина од буџетските приходи ги собираше од финансискиот сектор.

Во овој момент, банките настојуваат да го променат имиџот на Луксембург, кој во целиот свет е познат како офшор финансиски рај, или центар за фискална измама.

„Нашата финансиска позиција не зависи од валканите пари или даночните измами“, изјави на почетокот на оваа година премиерот Жан Клод Јункер и во таа прилика најави дека земјата ќе ја ублажи тајноста на банкарските податоци и ќе пристапи кон автоматската размена на банкарски податоци во 2015 година.

Одлуката за автоматска рзмена на банкарските информации со странските власти од 2015 година ги принуди банките сериозно да „расчистат“ со одделни клиенти, односно со оние кои не ги пријавуваат заштедите во матичните земји.

Во финансискиот свет, Луксембург е познат како дестинација за умерено богатите, односно оние чии депозити се ретко над еден милион евра.

Со цел да се спречи потенцијалниот „егзодус“ на средствата од штедните сметки, банките во Луксембург сега ќе мораат во целиот свет да бараат богати штедачи, односно лица со 20 до 30 милиони евра во депозити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП