28 април, 2024
ПочетнаСВЕТСАД претставија нацрт-резолуција на ОН за итен прекин на огнот во Газа

САД претставија нацрт-резолуција на ОН за итен прекин на огнот во Газа

Соединетите држави воведоа нацрт-резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се повикува на „итно прекин на огнот поврзан со ослободување на заложниците“ во Појасот Газа, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Тој ова го изјави за време на неговата турнеја по Блискиот Исток, при што во петок ќе го посети Израел, објави денеска Франс прес.

Клучниот поддржувач на Израел, САД, стави вето на претходните резолуции на Советот за безбедност за прекин на огнот во речиси шестмесечната војна, приговарајќи во февруари на употребата на терминот „вонредна состојба“ во нацрт поднесен од Алжир.

Меѓутоа, во последните недели Вашингтон го засили притисокот врз својот сојузник, инсистирајќи дека екстремистите на Хамас мора веднаш да ги ослободат заложниците земени во нападите врз Израел на 7 октомври.

Во Саудиска Арабија, Блинкен изрази надеж дека повеќето земји ќе ја поддржат американската резолуција која повикува на итен прекин на огнот поврзан со ослободувањето на заложниците.

Тој за саудискиот медиум Ал Хадат изјави дека тоа ќе биде силна порака, силен сигнал.

„Секако дека стоиме покрај Израел и неговото право да се брани, но во исто време е императив фокусот да биде ставен на цивилите кои може да бидат повредени и толку страшно страдаат, да ги заштитиме цивилите, да им доставуваме хуманитарна помош“. – изјави Блинкен.

Американските власти преговараат за алтернативен текст откако ја блокираа алжирската нацрт-резолуција со која се повикува на „итен хуманитарен прекин на огнот“ во Газа кон крајот на февруари.

Таа алтернатива, која се фокусира на поддршка на шестнеделното примирје во замена за ослободување на заложниците, имаше мали шанси да биде усвоена, велат дипломатски извори.

Новата верзија што ја виде Франс прес ја нагласува „потребата од итен и одржлив прекин на огнот за да се заштитат цивилите од сите страни, да се овозможи испорака на основна хуманитарна помош и да се олеснат страдањата поврзани со заложниците кои сè уште се држат“.

Гласањето за овој нацрт сè уште не е закажано.

Блинкен се состана со саудискиот министер за надворешни работи Фајсал бин Фархан и престолонаследникот Мохамед бин Салман набргу по пристигнувањето во кралството во средата, првата станица од регионалната турнеја што ќе го посети Египет денес, а утре Израел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП