28 април, 2024
ПочетнаСВЕТНетанјаху во обраќањето пред американскиот Сенат: Израел ќе продолжи со воените дејствија...

Нетанјаху во обраќањето пред американскиот Сенат: Израел ќе продолжи со воените дејствија додека не го победи Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа во обраќање пред републиканците во американскиот Сенат најави дека неговата земја ќе продолжи со воените операции до пораз на Хамас во Појасот Газа, пренесоа агенциите.

Џим Риш, еден од сенаторите кој им пренесе на медиумите што им кажал Нетанјаху, изјави дека се зборувало и за цивилни жртви и потребата да се достави поголема помош во Газа и дека ги поддржува плановите за изградба на привремено пристаниште и доставување помош до морето.

Сенаторите му кажаа на Нетанјаху дека Израел има целосно право да се брани, а тој одговори дека ќе продолжи да го прави тоа, рече сенаторот Џон Баросо.

Нетанјаху остро го критикуваше демократскиот лидер Чак Шумер кој повика на избори за формирање нова влада во Израел.

„Јасно е дека премиерот не беше задоволен од говорот на сенаторот Шумер. Тој не беше задоволен ниту со пофалбите на претседателот Џозеф Бајден за говорот на сенаторот Шумер. Но, мислам дека премиерот ја разбира политиката на сето тоа“, рече сенаторот од Луизијана, Џон Кенеди.

„Јасно му кажавме на премиерот (на Израел) дека според наша проценка, американскиот народ во голема мера ја поддржува војната на Израел“. И тој јасно стави до знаење дека има намера да води војна против Хамас со полна сила“, додаде Кенеди.

Сенаторот Тед Круз од Тексас рече дека Нетанјаху не го критикувал Бајден, туку е благодарен за поддршката што ја добил од американскиот претседател и се надева дека таа ќе продолжи.

Сенаторот Џош Хејли, републиканец од Мисури, рече дека Нетанјаху бил чесен и темелен и дека дал детален извештај за водењето на војната и објаснил што му треба на Израел од САД.

Сенаторот Шумер ги отфрли критиките од републиканците дека се меша во внатрешната политика на сојузниците на САД, велејќи дека зборувал од љубов кон Израел и повикал да се одржат избори по завршувањето на конфликтот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП