2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина се соочува со казна од 10 милијарди долари за неувезен руски...

Украина се соочува со казна од 10 милијарди долари за неувезен руски гас во 2013 година

mnbvcxz

Поради нарачаните, но не преземени количествата руски гас во 2013 година, Украина ќе биде принудена да плати казни од приближно 10 милијарди долари, се проценува во анализата за актуелната ситуација на гасниот пазар изготвена од Фондот за национална енергетска безбедност (ФНЕБ) на Русија.

Како што јави ИТАР-ТАСС, според заменик генералниот директор на Фондот, Алексеј Гривач, украинскиот „Нафтогаз“ уште еднаш го прекршил условот „земај или плати“ и од „Газпром“ ќе добие нова сметка на почетокот на 2014 година.

– Според наши проценки, малку е веројатно дека „Нафтогаз“ ќе може од „Газпром“ да купи повеќе од 17 до 18 милијарди кубни метри. А треба да купи 41,6 милијарди кубни метри.

По просечна цена од 410 долари за 1.000 кубни метри, неувезениот гас ќе чини нешто помалку од 10 милијарди долари, дополнува експертот.

Освен тоа, ФНЕБ забележува дека украинските тврдења дека цената на рускиот гас што го добива Киве е повисока во споредба со оние за другите дистрибуции во Европа, „не се сосема точни“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП