27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Bentley“ ќе го лансира првиот електричен автомобил

„Bentley“ ќе го лансира првиот електричен автомобил

Легендарна марка на автомобили ќе го лансира својот прв целосно електричен модел, по кој ќе следат четири нови. Британската гордост „Bentley“ сака да влезе на пазарот за електрични возила во 2025-та година, продолжувајќи ја гамата до 2030-тите.

Загриженоста на обожавателите на брендот е поврзана со изгледот, кој може да го изгуби традиционалниот стил.

Робин Пејџ, главниот дизајнер на компанијата, рече: „Морам да бидам искрен, на електричниот автомобил не му е потребна гломазна, отворена решетка. Ова е шанса да се смисли нов преден дел, да си поиграме можеби со фаровите. Се разбира, автомобилот треба јасно да се разликува од далечина. За луѓето да кажат – ах, тоа е новиот електричен „Bentley“. Во спротивно, ќе изгледа како нешто едноставно наследено од минатото“.

Шефот побрза да увери дека дизајнерите генерално ќе се обидат да ги задржат линиите на британската машина.

„Во елементите на секоја генерација има вистински икони. Види, ако ги игнорираме, луѓето ќе речат, не, не си направил „Bentley“, си го изгубил идентитетот“, додава тој.

Пејџ прецизираше дека неговиот тим е во фаза на финализирање на последните детали и дека времето притиска.

„Поголемиот дел од работата беше завршена пред да влезам, но потоа имаше шанса да се допре до одредени детали“, рече Пејџ.

„Bentley“ сега има „plug-in“ хибридна верзија на моделот „Flying Spur“. Идејата е да останат само споменатите мотори плус електрични до 2026-та година. И крајот на деценијата е целосно да се префрлиме на автомобили со нула емисија на штетни гасови.

Пејџ работеше во седиштето на компанијата 17 години, и се искачи на чело на дизајнот на ентериер помеѓу 2001-ва и 2013-та година. Овој период беше поврзан со иконскиот „Continental GT“, кој го донесе „Bentley“ во модерната ера.

Британски стартап веќе ги објави своите намери да влезе во полето на луксузни електрични автомобили. Но, етаблираните брендови како „Jaguar“, „Rolls-Royce“ и „Bentley“ никогаш не сакаат да губат пари. Засега, „Audi“ прави голем бум во секторот со „SQ8 e-tron“, конкурентите сигурно ќе возвратат. „Jaguar“ веќе има присуство во врвната класа со својот „i-Pace“, но планира целосно да го обнови следната година. „Rolls-Royce“ го лансираше својот „Spectre“, но чини неверојатни 330.000 фунти.

Стартапот „Forseven“ веќе развива серија луксузни електрични автомобили, но ќе влезе на пазарот околу крајот на деценијата. Новата фирма е контролирана од инвестициска компанија во сопственост на Емиратот Абу Даби. Заинтересирана е и за кинескиот автомобилски бренд „Nio“. Холдингот минатата година купи контролен удел во „Gordon Murray Technologies“, дел од „Gordon Murray Group“, која ги произведува суперавтомобилите „Т.50“ и „Т.33“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП