24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШтрајкуваат вработените во Cartier

Штрајкуваат вработените во Cartier

cartier1

Вработените во француската компанија за изработка на накит „Cartier“ стапија во штрајк за прв пат во историјата на оваа компанија, барајќи зголемување на платите.

Стотици работници, незадоволни од платата, бараат зголемување на месечната плата за 200 евра, пренесува агенцијата Франс прес.

„Cartier“ сега е во сопственост на швајцарската компанија „Richmond“, која исто така е сопственик на повеќе познати брендови.

„Ова е прв пат откако постои компанијата да биде организиран штрајк“, објаснува една од учесничките во штрајкот, која е незадоволна од големината на месечната плата од 1.300 евра по 13 години верно работење.

Учесниците во штрајкот изјавија дека нема да се откажат се додека не им се исполнети барањата.

На последниот состанок на работниците и раководството на компанијата, беше понудено зголемување од 75 евра, но работниците ја одбија оваа понуда, опишувајќи ја како понижувачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП