26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамален бројот на патници на аеродромот во Прага

Намален бројот на патници на аеродромот во Прага

pragaair

Од прашкиот аеродром „Вацлав Хавел“ минатата година полетале 10,8 милиони патници, што на годишно ниво е намалување за 8 проценти, информираа од аеродромската прес-службата.

Бројот на полетувања и слетувања се намалил за речиси 13 проценти, а намалувањето се однесува особено на трансферот патниците, јави дописникот на МИА од чешката метропола.

Бројот на т.н. локални патници кои полетуваат и слетуваат во Прага е поголем за два проценти.

– Сето тоа го имавме предвидено, со оглед на фактот дека нашиот најголем трговски партнер „Чех ерлајнс“ поминуваше низ процес на оптимализација на својата мрежа. Што се однесува до економските резултати, таму сме позитивни бидејќи долгорочно стабилниот пораст на патници влијае врз приходите исто како и порастот во комерцијалниот сектор, изјави директорот на аеродромот Јиржи Пос.

Тој, оцени дека годинава очекува околу два проценти зголемување на бројот на патници, поради воведување на нови линии во летниот период.

Минатата година од Прага летале 49 превозници на редовни линии до вкупно 123 дестинации. Најголем број на патници летале кон Велика Британија, Германија, Франција, Русија и Италија.

Од вкупниот сообраќај, 88 проценти е остварен од редовни линии, а остатокот од чартер летови.

Најголем број на патници имало во месец август и тоа 1,201 милиони.

Во просек од аеродромот „Вацлав Хавел-Прага“ полетуваат 30.000 патници, а се остваруват околу 359 слетувања и полетувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП