10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајскапиот град во светот е Луанда

Најскапиот град во светот е Луанда

luanda1

Главниот и најголем град на Ангола, Луанда е најскапиот град во светот, покажа годишното истражување на „Мерсер“.

Според податоците на оваа њујоршка компанија која се занимава со човечки ресурси и финансиски консалтинг, Луанда е поскапа од Москва и од Токио, односно изнајмувањето на еден луксузен стан со две спални соби во овој град чини околу 10.000 долари, додека ова задоволство во Москва ќе ве чини само 4.600 долари.

Луанда е главно пристаниште и административен центар на Ангола. Сместена е на обалата на Атлантскиот океан на југот на Африка и има околу пет милиони жители.

Луанда е третиот најгусто населен град во светот во кој се зборува португалски, зад бразилскиот Сао Паоло и Рио де Жанеиро, но и најголем главен град во светот во кој се зборува овој јазик, бидејќи има повеќе жители од Бразилија, Мапуто и Лисабон.

Ангола, поранешната португалска колонија, стекна независност во 1975 година, а Луанда веќе тогаш беше модерен град. Меѓутоа, развојот беше запрен од граѓанската војна која траеше од 1975 до 2002 година.

Обновувањето на Ангола започна веднаш по завршувањето на војната, а за забрзаниот економски раст најмногу придонесуваат нафтата и дијамантите.

Во Луанда главно живеат африкански етнички групи, а меѓу странците, освен Португалци, има и Латиноамериканци, а се поголем е и бројот на Кинези и Виетнамци.

Зад Луанда, Москва и Токио, на четвртото место е Нџамена во Чад, петти е Сингапур, а на листата од „топ 10“ следат Хонг Конг, Женева, Цирих, Берн и Сиднеј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП