22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈанакиески: До крајот на месецов јавен повик за инвеститор за поранешната фабрика...

Јанакиески: До крајот на месецов јавен повик за инвеститор за поранешната фабрика „Цветан Димов“

milejanakieski1

До крајот на месецов планирано е да се распише јавен повик за изнаоѓање на стратешки инвеститор, кој ќе го купи земјиштето кај поранешната фабрика за сапун „Цветан Димов“ во општина Кисела Вода и на таа локација да изгради современ објект, најави денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

– До крајот на овој месец ќе има јавна објава за продажба на градежно неизградено земјиште, со која ќе се овозможи на идниот стратешки инвеститор да го купи земјиштето и да изгради современ објект, изјави министерот Јанакиески, одговарајќи на новинарско прашање по увидот на градежните активности за изградба на атмосферска канализација во Драчево задено со градоначалничката на општина Кислеа Вода Билјана Беличанец – Алексиќ.

Заедно со градоначалничката побараа од граѓаните на општина Кисела Вода да ја докомплетираат документацијата за легализација на дивоградбите.

– Крајниот рок за доставување на елаборатот е јуни 2014 година, што подразбира дека граѓаните имаат само уште осум месеци да ја докомплетираат документацијата, односно да го достават геодетскиот елаборат, потенцираше министерот Јанакиески.

Градоначалничката Беличанец – Алексиќ информираше дека процесот за легализација во Кисела Вода се одвива со добра динамика, откако кадровски се доекипираше одделението за легализација и се зголеми бројот на комисии кои излегуваат на терен.

– Воведовме пракса за делење решенија на неделна основа, каде ги информираме граѓаните за крајниот рок на процесот на легализација. По воведувањето на оваа пракса, резултатите се видливи и доделуваме околу 45 решенија за легализација на неделна основа, изјави Беличанец – Алексиќ.

Таа упати апел до граѓаните да не го злоупотребуваат процесот на легализација и да градат нелегално во овој вакум простор, бидејќи, како што рече, ќе се соочат со Општинската градежна инспекција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП