15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија ќе гради нова нуклеарна централа

Велика Британија ќе гради нова нуклеарна централа

nuclear

Велика Британија ќе потпише договор со француската енергетска компанија ЕДФ за изградба на нова нуклеарна централа на нејзина територија, која ќе биде прва нуклеарка што ќе се гради во Европа по хаваријата во јапонската „Фукушима“ во март 2011 година.

Изградбата на нуклераката ќе чини околу 23 милијарди долари, а деталите од договорот се очекува да бидат објавени утре.

Во изградбата на централата ќе бидат вклучени и две кинески компании, „Џенерал Нуклеар Пауер Груп“ (ЦГН) и „Чајна Нешанл Нуклеар Корпорејшн“ (ЦННЦ), кои биле партнери на ЕДФ во реализиација и на други проекти.

Предвидено е новата британска нуклеарка да има два реактори со моќност од 1,6 гигавати и да задоволува пет проценти од потребите на Велика Британија за струја.

Изградбата на нуклеарната централа е во рамките на процесот за замена и затворање на околу 20 проценти од постојните нуклеарки во Велика британија, кои се веќе застарени и дотраени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП