27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрвпат во историјата жена застана на чело на централната Банка на Израел

Првпат во историјата жена застана на чело на централната Банка на Израел

Flug, deputy Bank of Israel governor, attends a news conference in Jerusalem

Израелскиот премиер Бенјамин Натнијаху денеска ја именува 58-годишната Карнит Флуг за гувернер на централната Банка на Израел.

Како што јави ДПА, со ова Флуг стана првата жена во историјата што застанува на местото раководител на Банката на Израел.

Флуг ќе го населди Стенли Фишер, чиј заменик беше во изминативе две години.

Откако Фишер најави повелекување од гувренерската функција, по осум години минати на неа, Нетанијаху на 31 јули за негов наследник го именува професорот по економија Леонардо Лајдерман, но тој ја одби должност.

Флуг е родена во 1955 година во Полска, но уште како дете заедно со семејството се преселила во Израел. Дипломирала на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк, а работела во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и во Интерамериканската банка за развој. Од 2001 година е вработена во Банката на Израел, каде заземала повеќе одговорни функции, меѓу кои во последниве две години и онаа на вице-гувернер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП