17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЃорѓиев: Електронско давање под концесија на ловиштата, поголема транспареност и отвореност

Ѓорѓиев: Електронско давање под концесија на ловиштата, поголема транспареност и отвореност

gjorgiev

Концесиите за ловишта во земјава ќе се издаваат по електронски пат. Ова го предвидуваат измените на Законот за ловство што ги прифати Владата на Република Македонија, а првиот оглас за давање под концесија на 20 до 30  ловишта по електронски пат ќе биде објавен за 30 дена.

Ова го соопшти портпаролот на Владата на Република Македонија Александар Ѓорѓиев на денешната прес-конференција.

Според него на овој начин се обезбедува транспареност во целиот процес и нема да има никакво влијание на човечкиот фактор и субјективизам при изборот на концесионер.

– Суштината на овие законски измени е воведување обврска во индите постапки за концесија на ловиштата и дивечот во ловиштата задолжително да биде применувана електронската аукција. На овој начин се постигнува поголема транспареност во самиот процес, се овозможува поголема отвореност, можност за конкуренција на поголем број субјекти. Се отстрануваат можностите за определено субјективно однесување, волунтаризам, протекционизам и се разбира се создаваат нови и подобри услови и можности за постигнување на повисоки цени за концесиски надоместок што е од интерес на целокупното општество, затоа што тој концесиски надомсток што го плаќаат концесионери понатаму се употребува за задоволување на општите општествени потреби, рече Ѓорѓиев.

Концесијата ќе трае 10 за помалите и 20 години за поголемите ловишта. Јавниот оглас ќе го објавува Владата, која ќе го утврди минималниот износ за надоместот за концесија, а на аукцијата ќе биде земена предвид највисоката цена од доставените понуди.

До крајот на годината, покрај огласот за првите 20 до 30 ловишта ќе биде распиаш и оглас за дополнителни 20 ловишта. Во моментов се дадени под концесија 100 ловишта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП