2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„JP Morgan“ плаќа рекордни 13 милијарди долари за вонсудско решавање на серија...

„JP Morgan“ плаќа рекордни 13 милијарди долари за вонсудско решавање на серија спорови

jp_morgan

Најголемата американска банка Џеј Пи Морган постигна спогодба со Министерството за правда на САД да исплати рекордни 13 милијарди долари за вонсудско решавање на серија спорови, поврзани со кризата со високоризичните хипотекарни кредити, јавија светските медиуми.

Постигнатата спогодба не ја ослободува банката од кривична одговорност, фактор, кој бил главна препрека во  преговорите.

Согласно договореното банката ќе продолжи да соработува во криминалните истраги за определни вмешани лица.

Претставници на Џеј Пи Морган и на Министерството за правда не сакале да дадат коментар во врска со договореното.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП