Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, кој беше во посета на Приштина, истакна дека Северна Македонија треба да биде полноправен кандидат и веднаш да стане членка на Европската унија.
Вчера Ескобар рече дека Северна Македонија е многу солиден партнер на Соединетите Американски Држави, и билатерално и мултилатерално во НАТО и ОБСЕ, а Вашингтон очекува и по изборите земјата да добие влада посветена на членството во Алијансата и интеграцијата во ЕУ, се вели во соопштението од Амбасадата на САД во Скопје.

