27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканската производствена инфлација во февруари е повисока од очекуваното

Американската производствена инфлација во февруари е повисока од очекуваното

Производните цени во САД се зголемија повеќе од очекуваното во февруари, според Министерството за труд.

Индексот на производните цени во февруари порасна за 0,6 отсто на месечно ниво, додека аналитичарите очекуваа раст од 0,3 отсто, пренесува француската новинска агенција АФП. На годишно ниво растот е 1,6 отсто.

Посилниот од очекуваниот раст на цените на ниво на производители ќе биде внимателно следен од американската централна банка, Федералните резерви (ФЕД), која проценува кога да започне со намалување на каматните стапки во долгорочната борба против инфлацијата. Сè уште се на највисоко ниво во последните 23 години.

„Овие податоци го потврдуваат трпеливиот пристап на ФЕД при одлучувањето за монетарната политика“, рече Рубеела Фаруки од аналитичката фирма „High Frequency Economics“, пренесува AFP.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП