23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарската регулација на цени е силна, но не и невообичаена

Унгарската регулација на цени е силна, но не и невообичаена

orban1

Унгарија силно ги регулира цените на енергијата но тоа не е невообичаена појава во Европа, изјави официјално лице од француската енергетска групација „GDF Suez“.

Владата на премиерот Виктор Орбан веќе во јануари ги намали цените на струјата, плинот и греењето за 10 проценти, а од идниот месец планира да ги намали за дополнителни 11,1 проценти.

Владата на Орбан сака да го зајакне влијанието на државата во енергетскиот сектор. Тие тврдат дека Унгарците плаќаат превисоки цени за енергија во однос на тоа колку заработуваат. Мерките, исто така се составен дел од настојувањето на владата во Будимпешта да ја поттикне потрошувачката и економијата.

„Влијанието на регулативите на пазарот во Унгарија… многу е силно, но и не е невообичаено“, рече Вилем Кополс од „GDF Suez“ вчера на конференцијата за плин во Сиофок на западот на Унгарија.

„Насекаде во Европа државата интервенира во цените“, додава Кополс. „Многу е примамливо да влијаете и да се обидете да ги диктирате цените на пазарот, посебно во областа на малопродажните цени кои се многу осетливи“.

Кополс не ја спомена владината одредба за намалување на цените. „GDF Suez“ во Унгарија е присутен во секторот на дистрибуцијата, малопродажбата и производството на енергија, појаснува тој.

Унгарската влада, исто така, планира со закон да им забрани на комуналните претпријатија исплата на дивиденда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП