Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун управуваше нов тенк, кој го нарече најмоќен на светот, за време на воена вежба што е одговор на Пјонгјанг на заедничките маневри на армиите на Јужна Кореја и САД, јавува Корејската централна новинска агенција (КЦНА).
Според агенцијата, Ким Џонг Ун изразил задоволство од демонстрацијата на новиот тип тенк и ја истакнал неговата ударна моќ и маневрирање.

