28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигна најбрзото и најмоќното „Porsche“ во историјата (ФОТО/ВИДЕО)

Пристигна најбрзото и најмоќното „Porsche“ во историјата (ФОТО/ВИДЕО)

Според стандардите на обичните смртници, дури и основниот „Porsche Taycan“ е многу брз. Стандардната верзија достигнува 100 km/h за 5,4 секунди. Сега пристигна новиот крал на забрзувањето и сеопфатните перформанси во гамата – „Taycan Turbo GT“.

„Turbo GT“ е најмоќниот „Taycan“ што компанијата некогаш го направила, и ако се брои преголемото засилување од неколку секунди, тоа е и најмоќното сериско „Porsche“ досега.

Стандардно произведува 789 ks (580 kW). Кога е активирана контролата за лансирање, моќноста се зголемува до 1.033 ks (760 kW), додека максималната 1.108 ks (815 kW) е достапна за краток временски интервал од 2 секунди. Дополнително, максималниот достапен вртежен момент е 1.340 Nm.

Според „Porsche“, новиот „Taycan Turbo GT“ забрзува од 0-100 km/h за 2,3 секунди или 2,2 секунди со опционалниот пакет „Weissach“.

Спринтот од 0-200 km/h трае 6,6 и 6,4 секунди, соодветно, додека максималната брзина е 306 km/h.

Но, тоа не е сѐ. Нов белег е „Attack Mode“ кој отклучува дополнителни 163 ks (120 kW) за 10 секунди, карактеристика инспирирана од Формула Е.

Додека стандардниот „Taycan“ веќе имаше функција „push-to-pass“, „Attack Mode“ нуди позначајно засилување и полесно се активира и деактивира со помош на десната рачка на воланот.

Клиентите можат да изберат од шест надворешни бои, вклучувајќи ги новите бледо сино металик и виолетово небо металик.

Внатрешноста е обложена со „Race-Tex“ материјал и црна кожа, додека седиштата се прилагодливи во 18 правци. Воланот „GT Sport“ го заокружува кокпитот.

Цената на „Porsche Taycan Turbo GT“ во Германија започнува од 240.000 евра

Потсетуваме дека „Taycan Turbo GT“ веќе е тестиран на Нирбургринг. Со оглед на неверојатниот резултат, „Porsche“ го откри времето кое болидот го постигнал на патеката уште пред официјалната премиера на моделот.

Имено, автомобилот забележа импресивен резултат од 7:07,55 минути. Тоа е значително подобро од најдоброто време на неговиот голем ривал, „Tesla’s Model S Plaid“ (7:25,23 минути).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП