18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБинго бум и Топ 5 нови игри на среќа на Државна лотарија

Бинго бум и Топ 5 нови игри на среќа на Државна лотарија

lotarija1

Државна лотарија на Македонија со оглед на зголемениот интерес за учество во игрите на среќа со извлекување бројчиња, најави дека наскоро ќе пласира две нови игри со кои ќе го зголеми бројот на среќни добитници. Игрите на среќа БИНГО БУМ и ТОП5 се очекува да го привлечат интересот на сите кои се приврзаници на игри од типот на бинго и лото.

Играта БИНГО БУМ е познатата омилена семејна игра на среќа Бинго, овојпат во ново пакување под името БИНГО БУМ. Добивките се разновидни – најголема е гарантираната Макси Бинго добивка во вредност од 2.000.000 денари што се остварува до 33-тиот извлечен број, добивките за Џек Пот линија и Џек Пот две линии што носат автомобили, добивката Бинго Бум што се оставрува до 90-тиот извлечен број, како и бројни други категории добивки, креирани со цел да се постигне што поголем број добитници по едно коло.

Во повеќето земји од соседството и пошироко, картичката за уплата на играта Бинго има по 3 комбинации со по 15 броеви, додека во Македонија, на една картичка има вкупно 6 комбинации со што се дуплира шансата за добивка. Покрај играта Бинго Бум тука е и играта Бинго Џокер, која како и порано ќе се игра со дополнителна уплата на не повеќе од 3 Џокер броеви по уплатена БИНГО БУМ картичка. Цената за уплата на една БИНГО БУМ картичка е 60,00 денари, за уплата на еден Бинго Џокер е 20 денари, а играчите имаат можност да добијат и до 2.000.000 денари

Играта ТОП5,  Државна лотарија на Македонија прв пат ја воведува како одговор на барањата на играчи кои покрај играта НовоЛото 7/34 во која играат за големи добивки, сакаат да играат и за почести, иако помали добивки. Во играта ТОП5 ќе се игра за 5тка, која со извлекување на 5 од 35 бројчиња, многу почесто ќе се постигнува од сегашната 7ка, па иако ќе носи далеку помала премија од таа на играта НовоЛото 7/34 која во моментов изнесува близу 12.000.000 денари, ќе биде исплатливо и интересно да се учествува во неа. Со уплата на играта ТОП5 играчот добива право да учествува и во дополнителната игра Џокер со можност за уплата на не повеќе од 20 џокер броеви.  Цената за уплата на една комбинација ТОП5 е 15,00, а за уплата на Џокер е 20 денари по Џокер број.

Игрите БИНГО БУМ и ТОП5 ќе се пласираат истовремено, уплатата ќе почне наскоро, а извлекувањата на првите кола се очекуваат на МРТ1 во нова ТВ емисија ВРЕМЕ ЗА СРЕЌА која ќе се емитува во понеделник од 20:30. Денот на првото извлекување и првата емисија ВРЕМЕ ЗА СРЕЌА, ќе биде дополнително објавен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП