9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска: Петина од граѓаните намаат пари ниту за основните потреби

Хрватска: Петина од граѓаните намаат пари ниту за основните потреби

hrvatska2

Стапката за ризик од сиромаштија во Хрватска изнесува 21,1 процент, што значи дека една петина од населението не може да ги подмири своите основни потреби, пишува „Вечерни Лист“.

Економската и финансиската криза во Република Хрватска го земаа својот данок, а статистичките податоци покажуваат понатамошно влошување на материјалните услови за живот на граѓаните, наведува весникот.

Во соопштението на правобранителот Лора Видовиќ, по овој повод, се наведува дека, според последните службени податоци, стапката за ризик од сиромаштија во Хрватска е 21,1 процент, што значи дека петина од граѓаните не можат да ги исполнат своите основни потреби, односно нивниот приход е под прагот за ризик од сиромаштија.

Во вакви околности, во јавната расправа се најде новиот Закон за социјална заштита кој треба да даде проекција за најзагрозените социјални групи и да ги регулира правата и социјалните услуги во системот за социјална заштита, со што ќе се ублажат последиците од кризата на најранливите групи на граѓани, вели Видовиќ.

„Се надеваме дека подоброто регулирање на социјалното живеење, подобрите цели и праведните социјални трансфери, посебно во однос на најранливите категории на граѓани, критериуми по кои би се утврдувала основицата за социјална помош, воведување на прецизен имотен цензус, подобро уредени права на бездомниците, би нашле свое место во новиот Закон“, се наведува во соопштението на правобранителот.

Генералното собрание на ОН во 1993 година одлучи на 17 октомври во сите земји да се одбележува укажувањето на потребите за намалување на сиромаштијата, а се одбележува само еден ден по Светскиот ден на храната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП