4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНе правете ги овие грешки!

Не правете ги овие грешки!

pretpriemachgreshki1

Никој не кажува дека претприемништвото е лесно. Но, доколку паметно одиграте можете малку да си олесните, сепак, немојте да ги правите овие глупави грешки.

Започнувањето бизнис е навистина тешко, но многу претприемачи го прават потешко со тоа што прават смртоносни грешки уште на самиот почеток. Авторот на книгата  „How to Succeed in Business by Really Trying“, и сериски претприемач кој има лансирано повеќе успешни компании дава неколку совети како да се избегнат најчестите грешки на почетокот на бизнисот.

1. Избегнување на истражувањето.

Најголемата грешка што ја прават претприемачите е што не ги истражуваат нивните идеи доволно. Тие зборуваат со нивните родители кои им велат дека идејата им е многу паметна, но за жал, овие луѓе нема да бидат нивни потрошувачи.

Единствен начин да дознаете дали некоја идеја е остварлива е да ја тестирате на пазарот, а кога ќе направите истражување ќе имате појасна слика како работите на пазарот функционираат и дали идејата што ја имате се исплати.

2. Фокусирање на приходите, а не на профитот

Ако Ваша најголема грижа се приходите и како тие се зголемуваат, вие треба да знаете дека пропуштате многу важен дел од процесот. Многу луѓе се водат од продажбата и велат дека продаваат милиони, а не знаат колку точно заработуваат. Доколку Вашиот профит е блиску до нула тогаш Вашиот бизнис не оди никаде.

Нормално е почетните бизниси да не остваруваат профит веднаш, но мора да знаете дека целта на бизнисот е да прави профит, па дури и по 3 години, а вие мора да бидете искрени со себе дали навистина вреди Вашиот бизнис.

3. Никогаш не се откажувате

Слогание на филмовите од Холивуд велат дека не треба да се откажуваме. Но, овој став носи проблеми во светот на бизнисот. Луѓето се грижат за сликата која ја оставаат и со ова се уништуваат. Може постојано да инвестирате во бизнисот, а тоа воопшто да не ви е исплатливо, а вие бидејќи не се откажувате, постојано губите пари.

Една од најважните работи во бизнисот е да знаете кога треба да се повлечете. Ако нешто не оди, затворете го, па започнете одново. Сите луѓе се соочуваат со неуспеси во текот на живот, и ние не смееме ова да го негираме. Затоа, размислете дали ги правите работите правилно. Ако одговорот е да, тогаш вие сте на добар пат. Ако одговорот е не, тогаш подобро е да се откажете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП