29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да ја победите несоницата

Како да ја победите несоницата

nesonica1

Проблеми со спиењето имаат се повеќе луѓе. Неправилната исхрана, брзото темпо на живот и стресот се само мал дел од причинителите на несоницата. Несоницата е состојба во која имате проблем да заспиете или пак, откако ќе заспиете имате тешкотии да ја задржите таа состојба. Таа може да биде третирана во домашни услови, но се зависи од стадиумот во кој се наоѓа. Сепак таа не е болест, туку е симптом и претставува проблем во врска со тоа колку многу или колку добро спиете. Еве неколку едноставни предлози за да го подобрите сонот.

Вложете во удобен кревет

Колку и да чини, добриот кревет е темел на добриот сон. Вложете во добар, квалитетен и проверен кревет. Уште по првата ноќ ќе сфатите дека сте требале ова да го сторите многу порано. Добриот кревет злато вреди – рекле старите и верувајте не погрешиле.

Не вежбајте пред спиење

Иако ви се чини дека доколку вежбате пред спиење полесно ќе заспиете, сепак не е така. Со вежбањето ќе ја зголемите телесната температура, работата на срцето и метаболизмот, а ова нема да ви дозволи да заспиете подолг период. Вежбајте најмалку 2 часа пред спиење.

Контролирано со компјутерот

Сурфањето пред легнување не е добра идеа бидејќи светлото од мониторот го оптеретува мозокот и нема да можете брзо да се смирите и да заспиете.

Не учете во кревет

Учењето или читањето на книга во кревет не е правилно. Со тоа ќе го изгубите осетот за време, ќе го заморите мозокот и телото и не секогаш ќе можете брзо да заспиете. Креветот користете го само за спиење, а за читање или учење користете го каучот или бирото.

Не лежете бесцелно

Ако неможете да заспиете не лежете бескорисно, станете и направете било што, па потоа повторно легнете. Полесно ќе заспиете доколку малку се изморите отколку бескорисно да лежите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП