3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРедизајнираниот Hyundai ix35

Редизајнираниот Hyundai ix35

ix35

Новиот „Hyundai ix35“ е модел кој има за цел да продолжи со успешната приказна на компанијата во сегментот на компактните СУВ модели. Ова возило ќе го карактеризира новото ниво на стандардна опрема, како и додавањето на неколку нови опциони избори, кога станува збор за спецификацијата која за прв пат ќе биде достапна на „ix35“.

Автомобилот го задржува бензинскиот мотор 1.6L GDi, како и моторите 1.7L и 2.0L CRDi. „Hyundai“ има во план да ја понуди и интелигентна карактеристика „stop & go“, како опција во рамките на моторот 1.7 CRDi. Дизел агрегатот 2.0L со 136ks е опремен со систем за рециркулација на нискиот притисок кој доведува до поголеми еколошки перформанси.

ix35-1

Дополнителните промени кои се направени во рамките на линијата на мотори, вклучува и воведување на шестстепена автоматска трансмисија кај 2.0L 136ks 4WD. Oваа верзија ја заменува моменталната единица со 181ks и има бенифиции со подобрената потрошувачка на гориво и помалата емисија на „CO2“.

Во „Hyundai“ се убедени дека новиот „ix35“донесува вистинската вредност за клиентите со сеопфатната листа на нови стандардни карактеристики во целиот спектар на возила, која вклучува „LED“ дневни светла и „LED“ позициони светла. Тука се и системот за надгледување на притисокот во пневматиците, како и системот „Trailer Stability Assist“.

ix35-2

Во кабината, новиот „Hyundai ix35“ има подобрен аудио и навигациски систем за секое ниво на опрема. „Hyundai“ исто така направи и унапредување во рамките на постоечката шасија на моделот „ix35“ и подесување на суспензијата, која сега вклучува нови амортизери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП