27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкциите на Google ја минаа границата од 1000 долари

Акциите на Google ја минаа границата од 1000 долари

guglese

Акциите на американската интернет компанија „Google“ за прв пат ја надминаа границата од 1.000 долари. Тоа се случи, откако доцна во четвртокот технолошкиот гигант забележа подобри резултати од очекуваните во третиот квартал.

Според извештајот на Њујоршката берза, акциите на „Google“ забележаа раст од 13,29 проценти или до 1006,92 долари.

Синоќа компанијата соопшти дека во третиот квартал продажбата ја зголемиле за 12 отсто на годишна основа или 14.9 милијарди долари, а профитот достигнал 2,9 милијарди долари во однос на 2,1 милијарди колку што имаа во истиот период од 2012-та година.

Богатството на основачите на интернет гигантот Сергеј Брин и Лери Пејџ од четвртокот пораснало за 5.9 милијарди долари.

Главниот Извршен директор Пејџ на своето богатсвто за помалку од 24 часа додал 3 милијарди долари, a „Forbes“ проценува дека сега „тежи“ 28,3 милијарди долари. Брин сега е „потежок“ за 2,9 милијарди долари и сега вреди 27,7 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП