2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотпишан договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Канада

Потпишан договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Канада

eucanada1

Европската унија и Канада потпишаа договор за слободна трговија, наменет за зајкнување на економскиот раст и вработеноста.

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо по разговорите со канадскиот премиер Стивен Харпер, порача дека двете страни конечно ги заклучиле преговорите и нивниот исход е од голема важност како за ЕУ така и за Канада, пренесува агенцијата АП.

Договорот на канадските компании ќе им го олесни инвестирањето во Европа и продажбата на пазарот на 28-члената Унија со 500 милиони потрошувачи, а исти олеснувања ќе почуствуваат и европските инвеститори на пазарот во Канада. Договорот подразбира пониски царински такси, усоглсени правила и намалување на правилата кои ја ограничуваат слободната трговија.

ЕУ е вториот по големина партнер на Канада, зад САД. Договорот допрва треба да биде одобрен од европскиот и канадскиот парламент, како и членките на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП