2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple подготви големи промени за својот „евтин“ телефон, протекоа рендери(ФОТО)

Apple подготви големи промени за својот „евтин“ телефон, протекоа рендери(ФОТО)

Ерата на новите „пристапни“ модели на iPhone е зад аголот, барем судејќи според тековните протечени рендери за новиот iPhone SE кој е во повој.

Овие рендери ги објави специјализираниот сајт 91mobiles, а судејќи според прикажаното, Apple планира големи промени.

Изгледа дека iPhone SE 4 ќе има 6,1-инчен дисплеј – ова би било значајна надградба во однос на претходниот 4,7-инчен модел. Друга важна разлика е што тука нема копче „Home“, додека тоа беше важен дел од функционалноста на претходникот.

Понатаму, рендерите покажуваат дека засекот ќе биде сличен на оние на моделите од серијата iPhone 13 и iPhone 14 и дека ќе има Face ID модул. На задната страна ќе има една камера, слична на неговиот претходник.

Димензиите на овој уред, барем според овие информации, исто така ќе бидат слични на серијата iPhone 13/14. Исто така, малку порано се појавија гласини дека новите SE модели ќе имаат Action копче, но од рендерите не е јасно дали тоа е вистина.

iPhone SE 4 треба да се појави следната година, но со оглед на зголемените гласини за него, нема да бидеме изненадени ако Apple малку избрза со него и сепак го претстави наесен заедно со серијата iPhone 16.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП