2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали светот ќе "пикне рака" во џебовите на најбогатите?

Дали светот ќе “пикне рака” во џебовите на најбогатите?

На почетокот на оваа недела најголемите светски економии започнаа преговори за воведување минимален глобален данок за милијардерите.

Разговорите започнаа две години откако се покажа дека светот може заеднички да дејствува во одредувањето на минималниот данок за мултинационалните компании..

Според податоците на Даночната опсерваторија на Европската унија (ЕУ), супербогатите во големите земји плаќаат значително помал данок од другите луѓе. Имено, богатството на супербогатите се оданочува со ефективни стапки до 0,5 отсто.

Супербогатите со активности како што се даночно затајување или искористување на дупките во даночните системи или преселување во земја со пониски даноци, задржуваат приход што се повеќе им е потребен поради зголемените долгови.

Директорот на Даночната опсерваторија на ЕУ, Габриел Зукман, истакна дека прогресивното оданочување е клучен столб на демократските држави. Тој смета дека постоечката глобална мрежа на даночни системи не успева да обезбеди најбогатите да бидат соодветно оданочени.

Во извештајот од минатиот месец на британската организација Оксфам се наведува дека супербогатите во земјите како Бразил, Франција, Италија, Велика Британија и Соединетите Американски Држави (САД) плаќаат ефективна даночна стапка пониска од ефективната даночна стапка за работниците. Според Оксфам, речиси 80 отсто од милијардерите живеат во земјите од Групата 20 најразвиени земји (Г20).

Даночната опсерваторија на ЕУ има неколку предлози, а еден од нив е да се воведе минимален глобален данок од два отсто на нето богатството на милијардерите, кое се проценува дека ќе генерира дури 250 милијарди американски долари годишно.

Милијардерите кои веќе плаќаат два отсто данок нема да бидат дополнително оданочени.

Според извештајот од ноември 2022 година објавен од Експертската група за финансии за климата, 250 милијарди долари се еквивалентни на половина од дополнителното финансирање кое им е потребно на африканските земји секоја година за да преминат кон почисти извори на енергија.

Како што објави Си-Ен-Ен, постигнувањето договор меѓу земјите од Г20 за минималниот глобален данок може да потрае многу долго.

„Ова е само почеток на патот. Преговорите за минималниот данок за корпорациите траеја со години. Но меѓународниот договор во тоа време изгледаше како утопија, а сега го имаме. Значи, постои преседан“, потсети Квентин Паринело од Даночна опсерваторија на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП