1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДали вашиот телефон ќе поддржува „iOS 18“?

Дали вашиот телефон ќе поддржува „iOS 18“?

Останува уште многу време додека „Apple“ ни ја претстави новата генерација на оперативниот систем, „iOS 18“, но тоа не значи дека веќе има многу гласини за тоа што го носи.

Овој пат, инсајдер на платформата „Х“ кој претходно ги имал точните информации, изјави дека „Apple“ објавил листа на уреди кои ќе поддржуваат „iOS 18“, но таа објава во меѓувреме е избришана.

Според инсајдерот, „iOS 18“ треба да биде поддржан во истите телефони кои се компатибилни со актуелниот „iOS 17“.

Ова ги вклучува сите верзии од серијата од „iPhone 11“ до „iPhone 15“, потоа „iPhone XS“, „XS Max“, „iPhone XR“, како и „iPhone SE“ втората и третата генерација.

„iOS 18“ се очекува да биде објавен во јуни, за време на конференцијата „WWDC“, а на корисниците ќе им биде достапен од септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП