2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТОвие тројца луѓе се единствените во светот кои можат да патуваат без...

Овие тројца луѓе се единствените во светот кои можат да патуваат без пасош

Двајца Јапонци и еден Британец се единствените луѓе во светот кои можат да патуваат без пасош.

Кога ќе одлучите да патувате, пасошот е една од главните работи што ви требаат, меѓутоа, постојат тројца луѓе во светот кои се изземени од тоа правило.

Станува збор за кралот Чарлс III од Обединетото Кралство, императорот Нарухито од Јапонија и царицата Масако. Пред кралот таа привилегија ја имала кралицата Елизабета Втора, која Чарлс ја наследил на престолот.

Интересно е што никој друг од кралското семејство не ја ужива оваа привилегија, па дури и кралицата Консорт Камила мора да има дипломатски пасош со себе.

Да потсетиме, најмоќните пасоши во светот се јапонските, а потоа сингапурскиот и јужнокорејскиот. Главниот критериум е слободата на глобалното патување, односно во колку земји во светот можат да патуваат без виза имателите на пасоши. Јапонските граѓани со пасош можат да влезат во рекордни 193 земји низ светот без виза.

Авганистанските граѓани повторно се на дното на листата и можат да посетат само 27 земји без виза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП