3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАWindows 11 може да гледа низ камерата на вашиот телефон

Windows 11 може да гледа низ камерата на вашиот телефон

Благодарение на новата функција, корисниците на Windows 11 ќе можат да ги користат своите телефони или таблети со Android како веб-камера.

Корисниците за тестирање на Windows 11 можат да ги користат своите телефони или таблети како веб-камера. Единствениот услов е нивните уреди да имаат Android верзија 9 или повисока и да ја имаат инсталирано најновата верзија на апликацијата Link to Windows.

„Со оваа функција, ќе можете безжично да уживате во висококвалитетната камера на вашиот мобилен уред на вашиот компјутер, со дополнителна флексибилност. Некои од можностите вклучуваат префрлување помеѓу предната и задната камера, паузирање на преносот и користење на специјални ефекти кои се нудат по моделот на вашиот телефон“, објавија од Microsoft.

За да ја користите оваа функција, Microsoft забележува дека е неопходно да отидете во Settings, потоа Bluetooth & devices i Mobile devices и на крајот кликнете на Manage devices и дозволете компјутерот да се поврзе со вашиот уред со Android.

Microsoft, исто така, ги поканува сите тестери да ја испробаат оваа функција и да пријават потенцијални грешки до нив во Feedback Hub. Функцијата се очекува да стане достапна за сите да ја користат во едно од следните надградби на Windows 11.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП