3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПаметен прстен пристигнува и од „кујната“ на „Apple“

Паметен прстен пристигнува и од „кујната“ на „Apple“

Покрај навлегувањето на пазарот на проширена и виртуелна реалност, „Apple“ наскоро би можел да зачекори понатаму во областа на здравствената технологија, со лансирање на паметен прстен кој ќе ги следи виталните функции на корисникот.

Пазарот за здравствена технологија и сродни паметни уреди е сè поактивен и поатрактивен. Неколку производители веќе нудат различни гаџети за следење на здравјето, како што се паметните прстени, од кои најистакнат е „Oura Ring“.

Неодамна, на настанот „Unpacked“, „Samsung“ исто така објави дека наскоро ќе го претстави „Galaxy Ring“, исто така паметен прстен кој ќе ги следи виталните функции на корисникот.

Прстенот на „Apple“?

Ваквиот развој, се чини, не може да помине без „Apple“, кој со години претставува бројни здравствени функции како главни предности на својот „Apple Watch“.

Според информациите на јужнокорејскиот портал „ETNews“, тие се подготвуваат и за лансирање на „Apple Ring“, паметен прстен со бројни технолошки додатоци. Во него би можело да има различни сензори, како на пример за мерење на отчукувањата на срцето, притисок, температура и движење, но и додатоци како „NFC“ за плаќање или екран за прикажување на известувањата од телефонот.

Истражувачката компанија „Business Research Insight“ наведува дека пазарот на паметни прстени расте, и дека во иднина ќе расте уште побрзо – до крајот на деценијата се очекува побарувачката за такви производи да се зголемува за околу 30% годишно, а во следните 8 години продажбата лесно би можела да се зголеми десеткратно. Тоа секако е примамливо за „Samsung“ и „Apple“ кои веќе работат на минијатуризација на уредите и имаат голем број на паметни часовници во понуда.

Дополнителни аргументи, кои велат дека нешто се „готви“ во Apple на тој простор, се и откриените патенти за технологии поврзани со паметните прстени. „Samsung“ најави дека во јули ќе го претстави „Galaxy Ring“, а на истиот пазар „наскоро“ би можел да излезе и „Apple“, според истите извори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП