17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската економија во третиот квартал забележа раст

Кинеската економија во третиот квартал забележа раст

kina5

Кинескиот економски раст во периодот од јули до септември изнесувал 7,8 проценти, завршувајќи го забавувањето кое траеше два квартала, покажале податоците објавени денес.

Во првите девет месеци од оваа година растот изнесувал 7,7 проценти, објави државниот завод за статистика.

„Севкупно, националната економија оствари стабилен раст и забележа добра динамика“, заклучуваат од заводот.

„Главните показатели се задржаа во рамките на рационалниот опсег, што овозможи поттикнување на економското реструктуирање и продолжувањето со реформите“.

Портпаролот на заводот за статистика Шенг Лаиун, сепак, предупреди на „притисоци“ во облик на „комплицирано, нестабилно и тешко“ надворешно окружување, и насобрани структурни проблеми во економијата.

Исто така, високата споредбена основа од последните три месеци од минатата година можеби сугерира дека во четвртото тромесечје оваа година растот можеби нема да се забрза, додава тој.

Најновите податоци сугерираат, сепак, дека кинеската економија, клучниот двигател на глобалниот раст, и понатаму е на добар пат да ја оствари оваа година службената целна стапка на раст од 7,5 проценти. Владата обично објавува конзервативна проценка која редовно е надминувана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП