2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајбрзиот „пајак“ на патиштата: „McLaren Artura Spider“ (ФОТО)

Најбрзиот „пајак“ на патиштата: „McLaren Artura Spider“ (ФОТО)

„McLaren“ официјално го претстави „Artura Spider“ – подобар и посилен од претходните модели.

Во срцето на „пајакот“ е 3,0-литарски V6 хибриден погон кој е посилен за 19 ks – тоа значи дека има 700 ks со максимален вртежен момент од 720 Nm, а до стотка достигнува за три секунди. Максималната брзина што може да ја достигне е 330 km/h.

Како што рекоа од компанијата „McLaren“, автомобилот е малку потежок од купе верзијата, а добар дел од причината за тоа е механизмот на флексибилниот покрив кој се спушта за 11 секунди со брзина до 50 km/h.

Подобрено е ладењето на моторот и карбон-керамичките сопирачки, како и самото управување.

Кога веќе зборуваме, да кажеме дека моторот е поврзан со осумстепен менувач, а автомобилот има батерија со капацитет од 7,4 kWh, што е доволно за автономија од 34 km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП