1 мај, 2024
ПочетнаСВЕТНА БАЈДЕН НЕ МУ СЕ ДОПАДНА ИДЕЈАТА НА МАКРОН: Се огласи Белата...

НА БАЈДЕН НЕ МУ СЕ ДОПАДНА ИДЕЈАТА НА МАКРОН: Се огласи Белата куќа за испраќање војници во Украина

САД нема да испраќа свои војници да се борат во Украина, соопшти денеска Белата куќа.

– Американскиот претседател Џозеф Бајден изрази јасен став дека САД нема да испраќаат свои војници да се борат во Украина, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност Адриен Вотсон.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера изјави дека не може да се исклучи можноста за испраќање војници за помош на Киев и побара од западните лидери да направат се што можат за да ја спречат Русија да победи во конфликтот.

Макрон го постави прашањето за испраќање војници на вчерашната средба на 25 европски лидери во Париз. Сепак, неколку сојузници на НАТО денеска ја отфрлија идејата на Макрон, вклучително и Германија и Полска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП