27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија сè уште купува „чувствителни стоки“ директно од ЕУ

Русија сè уште купува „чувствителни стоки“ директно од ЕУ

И покрај сите санкции, Русија сè уште купува „чувствителни стоки“, односно оние што можат да се користат за воено-индустрискиот комплекс, вредни десетици милиони евра директно од Европската унија (ЕУ), пренесува „Bloomberg“, повикувајќи се на свои извори.

Според агенцијата, Русија за првите девет месеци од 2023-та година купила ваква стока произведена во Европа, во вредност од 450 милиони евра, при што 1/4 од оваа сума отпаѓа на стоки кои доаѓаат директно од ЕУ, а остатокот – преку трети земји. Тоа се главно Турција, Србија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кина, како и земји кои се вклучени во списоците за санкции на ЕУ – соседите на Русија, Узбекистан, Казахстан, Киргистан и Ерменија.

Официјалните бројки покажуваат дека трговијата на ЕУ со Русија со ваква стока пропаѓа, но во исто време има раст и кон трети земји, што целосно ја покрива дупката.

Во оваа фаза, ЕК не ги коментира информациите на „Bloomberg“. Но, Брисел ги повика своите членки да ги зајакнат контролите на трговијата со чувствителни стоки со потенцијална двојна употреба само непосредно пред почетокот на третата година од војната во Украина и откако руската војска почна да ја нарушува украинската одбрана во делови од линијата на фронтот.

Само во 13-тиот пакет санкции, усвоен пред неколку дена, се вклучени ограничувањата за компаниите од Србија и од континентална Кина.

Според анализите на украинските набљудувачи, во периодот од јануари до октомври 2023-та година, Русија купила стока што можела да ја користи за својот воен комплекс во вкупна вредност од 8,77 милијарди долари, или само за 10% намалување од пред почетокот на војната. Некои од овие стоки влегуваат во земјата користејќи мрежи на мали компании надвор од ЕУ – главно со седиште во Кина, и многу тешко се следат.

Европските правила дозволуваат одредени исклучоци за извоз на стоки во Русија, но не и за потребите на воздухопловството, воената индустрија, енергетиката и другите чувствителни сектори. Од почетокот на руската инвазија во февруари 2022-ра година до декември 2023-та година, земјите од ЕУ, вклучувајќи ги Германија, Франција и Италија, одобрија извоз на чувствителни стоки за 560 милиони евра, додека извозот од 2 милијарди евра е одбиен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП