25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMercator изгуби 103,6 милиони евра

Mercator изгуби 103,6 милиони евра

merc 9

Според  неревидираните финансиски резултати, словенечкиот трговски ланец „Mercator“, во 2012 година од продажба остварил 2,873 милијарди евра приходи, со што забележал загуба од 103,6 милиони евра.

Приходите се 0,4 отсто поголеми отколку во 2011 година.

Само една четвртина од загубата е од работењето, а три четвртини од загубата претставуваат отписи и ревалоризација на средствата и имотот.

И покрај негативните резултати од работењето во изминатата година, „Mercator“ останува финансиски стабилна компанија, која ја спроведува својата бизнис стратегија што ја започна минатата година и која има во план во иднина да се посвети на својата основна дејност, контрола на трошоците и долговите, па оваа година може да се очекуваат подобри резултати, наведе директорот на „Mercator“, Тони Балажиќ, на конференцијата за новинари.

Нето финансискиот долг на„Mercator“ во 2012 година е намален за 7,6 отсто и кон крајот на годината изнесуваше 1,008 милијарди евра.

Минатата година вкупните инвестиции изнесуваа 67 милиони евра, што е за една четвртина помалку од планираното, а стопиран е падот на пазарниот удел на „Mercator“ на пазарот во регионот.

Барајќи нови извори за финансирање, „Mercator“во договор со банките во јануари оваа година, успешно ја заврши продажбата на комерцијални записи во вредност од 20 милиони евра, а со рационализација во рамките на деловната политика, во последниот кваратал од минатата година оствари заштеда од околу 10 милиони евра, велат од управата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП