3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМед си е мед, ама отров си е отров – пчеларите најдоа...

Мед си е мед, ама отров си е отров – пчеларите најдоа нов начин на заработка

Освен со производство и продажба на мед, пчеларите од соседна Србија пронајдоа нов начин на заработка кој го практикуваат веќе неколку години. Така, наместо мед, тие собираат пчелин отров, чија цена достигнува и до неверојатни 100.000 долари по килограм.

Се обидовме да дознаеме дали и во Македонија се практикува овој начин на заработка, но и покрај тоа што разговаравме со неколкумина искусни пчелари, сепак, очигледно, овде сѐ уште не е стигната праксата да се продава пчелин отров.

Инаку, станува збор за безбојна густа течност со карактеристичен силен мирис и горчлив вкус, која пчелите ја лачат од жлездите во задниот дел од телото и им служи за заштита од непријатели.

Пчелиниот отров содржи антиинфламаторни и антивоспалителни соединенија, вклучително и ензими, шеќери, минерали и аминокиселини. Пчелиниот отров содржи околу 50% од соединението „мелитин“ кое според некои студии има антивирусно, антибактериско и антиканцерогено дејство.

Пчелиниот отров се користи во апитерапија, алтернативна медицинска практика која користи пчелни производи за лекување и спречување на болести и подобрување на здравјето кај луѓето.

Пчелиниот отров се користи на голем број начини и е достапен во многу форми. На пример, се додава во производи како екстракти, додатоци, навлажнувачи, серуми и сл. Инјекции со пчелин отров можат да се администрираат од здравствени работници, а во одредени терапии се користат и живи пчели. Постојат научни студии кои ја потврдуваат употребата на пчелиниот отров за третман на Лајмска болест, ревматоиден артритис, хронични воспалителни болести, десензибилизација на отров од пчела итн.

Но, пчелиниот отров не е само корисен, туку и ризичен производ. При убод пчелата го инјектира својот отров кој може да предизвика алергиски реакции, оток, црвенило, болка, чешање, малаксалост, главоболка, повраќање, дијареа, замаглување на видот, забрзано дишење, нисок крвен притисок, шок и во најлоши случаи – смрт.

Пчелиниот отров може да биде носител на заразни болести, поради самиот отров кој ефикасно ги убива сите микроорганизми. Пчелиниот отров треба да се користи само под надзор на квалификуван медицински персонал и со претходно тестирање на алергичност.

Тој е исклучително скапоцен производ. Цената на пчелиниот отров може да достигне до 100.000 долари за килограм. За споредба, цената на златото е околу 60.000 долари за килограм. Пчелиниот отров е толку скап, бидејќи процесот на неговото добивање е многу тежок и макотрпен.

Пчелите го лачат отровот само кога се чувствуваат загрозени и не можат да го дадат доброволно. За да се добие пчелин отров, пчеларите користат специјални електрични апарати кои ги стимулираат пчелите да го испуштат отровот на метална мрежа. Од една пчела може да се добие околу 0,1 милиграм отров, а за еден килограм се потребни околу 10 милиони пчели.

Дали наскоро и македонските пчелари ќе почнат да се занимаваат со производство на пчелин отров, останува да видиме.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП