2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPhilip Morris профитираше поради зголемените цени

Philip Morris профитираше поради зголемените цени

P

Амeриканскиот производител на цигари „Philip Morris“ го зголеми профитот во третиот квартал за пет проценти, бидејќи зголемените цени му помогнаа да го неутрализира падот на продажбата на цигари.

Како што наведува „Philip Morris“, компанијата во тој квартал заклучно со 30. септември заработила 2,34 милијарди долари или 1,44 долари по акција, што е пораст во однос на 2,23 милијарди долари или 1,32 долари за акција од истиот период минатата година, пренесува агенцијата АП.

Со исклучок на акцизите, приходите на компанијата стагнираа на 7,93 милијарди долари.

Испораката на цигари во сите региони е намалена за околу шест проценти на 223,1 милијарди цигари, а како причина се наведуваат економските потешкотии во ЕУ и зголемувањето на акцизите.

Компанијата единствено имаше корист од порастот на испораката во Јапонија.

„Philip Morris“ исто така, соопшти дека е завршен договорот за купување на простанатите 20 проценти од уделот во локалниот мексички производител на цигари „Grupo Carso“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП