20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБелгија нема пари за пензии?

Белгија нема пари за пензии?

belgija1

Резервите на пензискиот фонд на Белгија изнесуваат 14 милијарди евра, што е доволно за исплата на пензии до 2018 година, се наведува во студијата на компанијата „Роланд Бергер“.

Потребниот фонд за исплата на пензиите во Белгија имајќи го во предвид стареењето на жителите до 2060 година, ќе се искачи на 304 милијарди евра, пренесува весникот „Еко“.

„Белгија не се подготви добро за соочување со предизвикот – стареење на населението“, смета Брино Коман консултант во „Роналд Бергер“.

Пензискиот фонд, кој е основан во 2001 година, на крајот на минатата година располагаше со 14,1 милијарди евра. Делењето на пензиите беше вршено од буџетот, во 2007 година тоа изнесуваше 0,3 проценти од БДП на годишно ниво, а минатата година 1,2 проценти од БДП.

Со цел да се задоволат растечките потреби на пензискиот фонд ќе мора да се превземат посебни мерки за обезбедување на дополнителни средства или структурно реформирање на економијата со цел да се зголеми стапката на работоспособното население.

Постојат повеќе можни мерки како што е продолжувањето на старосната граница за заминување во пензија, зголемување на стапката на вработеност, воведување на режимот „хибридни“ пензии и сл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП