2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИлон Маск потврди дека работи на алтернатива на Gmail

Илон Маск потврди дека работи на алтернатива на Gmail

Откако влезе со ChatGPT во рингот со компанијата xAI и четботот Grok, Илон Маск реши да се натпреварува со уште еден познат производ на технолошкиот гигант. Станува збор за Gmail сервис за испраќање и примање е-пошта од компанијата Google.

Деталите за апликацијата за е-пошта на Маск сè уште се непознати, освен фактот дека тој и неговиот тим планираат наскоро да се справат со веб-апликацијата, а таа ќе се вика XMail.

Имено, инженерот Нејт Мекгрејти од компанијата на Маск Х (поранешен Твитер) на својот профил на оваа мрежа го постави прашањето: „Кога ќе правиме XMail?“.

На прашањето на неговиот вработен, Илон Маск кратко одговорил: „Доаѓа“.

Маск има многу за што да се радува во моментов. Неодамна неговата компанија Neuralink успешно вгради мозочен чип кај првиот човек, а вчера лендерот Odyssey слета на Месечината, откако беше лансиран во вселената со ракетата SpaceX на Маск.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП