2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Google со раст од 36%, акциите блиску до 1000 долари

Профитот на Google со раст од 36%, акциите блиску до 1000 долари

goglee

„Google“ објави профит во износ од 2.9 милијарди долари само за третиот квартал од 2013-та година, што е за над 36 проценти повеќе во однос на претходната година, кога забележа 2.1 милијарди долари.

Консолидираните приходи достигнаа 14.8 милијарди долари, што е малку повеќе од очекуваните 14.7 милијарди долари, приходи предвидени од страна на аналитичарите. Само во третиот квартал на 2013-та година „Motorola“, која беше купена од „Google“ за сума од 12.5 милијарди долари пред една година, има загуба од 248 милиони долари во однос загубата од 192 милиони долари за истиот период на 2012-та година.

Веднаш по објавувањето на резултатите акциите на интернет компанијата забележаа раст од 8 проценти на својата вредност до 959.65 долари. Тоа е само околу 4 проценти од психолошката граница од 1.000 долари, со што во моментов можат да се пофалат малку компании во САД , како „Seaboard“ и „priceline.com“, на пример. Рекордот во моментов го држат акциите од Класа А на „Berkshire Hathaway“, па за една акција на оваа компанија треба да се одвојат 175.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП