13 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААко не сакате сами, Microsoft AI насилно ќе го надгради вашиот Windows

Ако не сакате сами, Microsoft AI насилно ќе го надгради вашиот Windows

Microsoft користи вештачка интелигенција за да го ажурира својот оперативен систем.

Microsoft автоматски ќе ги ажурира уредите со Windows 11 до најновата верзија на оперативниот систем 23H2, а за ова ќе биде одговорен интелигентниот ML модел на компанијата.

Големото ажурирање 23H2 за Windows 11 влезе во нова фаза на „испорака“ до корисниците и вклучува машинско учење (machine learning –ML) за автоматско ажурирање на уредите со Windows 11 до најновата верзија на оперативниот систем.

Да ги принудите корисниците да го надградат оперативниот систем во повеќето случаи не е добра работа, а тука има дополнителна финта, бидејки за тоа ажурирање ќе биде задолжена вештачката интелигенција.

„Ова автоматско ажурирање ги таргетира уредите со Windows 11 кои се на или близу крајот на поддршката и го користи машинското учење што го имплементиравме досега. Ќе продолжиме да го тренираме нашиот интелигентен ML модел за безбедно да ја испорача новата верзија на Windows во фази за да се обезбеди флуидно искуство“, велат од Microsoft.

Microsoft одлучи да посвети многу внимание на вештачката интелигенција и машинското учење во иднина кога станува збор за Windows.

Подоцна во годината, Microsoft исто така ќе го објави Windows 11 24H2, а следната голема надградба на оперативниот систем дополнително ќе ги интегрира алатките за вештачка интелигенција и машинското учење во сите аспекти на платформата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП