2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВраќањето на легендата: Доаѓа новиот „Mitsubishi Pajero“?

Враќањето на легендата: Доаѓа новиот „Mitsubishi Pajero“?

Според јапонските медиуми, „Pajero“ би можел да се врати на сцената во блиска иднина. Новата генерација би можела да добие „plug-in“ хибриден склоп и би се базирала на платформата развиена од алијансата „Renault-Nissan-Mitsubishi“.

По 40 години на пазарот и со испорачани повеќе од 3,3 милиони примероци, „Mitsubishi Pajero“ беше повлечен од производство во 2021-ва година.

Познатиот теренец уживаше огромна популарност низ целиот свет, а исто така се круниса со слава во мотоспортот – „Pajero“ победи на релито Дакар 12 пати во рацете на девет различни возачи.

Јапонските медиуми пишуваат дека „Mitsubishi“ би можел повторно да ја оживее оваа легенда во блиска иднина. Според весникот „Best Car“, новиот модел од теренско возило би се трансформирал во луксузен теренец.

Новиот „Pajero“ би добил ексклузивен „plug-in“ хибриден погон и најверојатно тоа би бил подобрена верзија на истиот погон што се наоѓа во „Outlander PHEV“.

Исто така, новиот „Mitsubishi Pajero“ би се базирал на нова платформа, развиена од алијансата „Renault-Nissan-Mitsubishi“. Во исто време, јапонското издание наведува дека идниот „Pajero“ би можел да биде долг речиси пет метри, односно да биде подолг од сегашниот „Outlander“.

Конечно, јапонските новинари шпекулираат и дека следната генерација на „Pajero“ би можела официјално да биде претставена во 2027-ма година, а почетната цена би требало да биде повеќе од 50.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП